Предавање на тема „…100-години од Букурешкиот договор“ во Битола

Амбасадорот во Шпанија, Слободан Чашуле и политичкиот аналитичар Љубомир Гајдов денеска (четврток, 7 март) на дисперзираните студии на Правниот факултет во Битола одржаа предавање на тема „Меѓународната политика на Република Македонија и 100 години од Букурешкиот договор“.

Чашуле истакна дека Договорот од Букурешт претставува еден век своевидно озаконето безаконие.

Букурешкиот договор не е правен чин во својата содржина и по својот квалитет, туку спогодба како да се дели територија која не припаѓа на ниту една од државите кои учествуваа во тој договор. За жал, овој договор потоа беше потврден со Версајскиот договор кој пак денес претставува темел на сегашна Европа и нејзините интеграциони процеси, рече тој.

Тој смета дека треба да се афирмира за штетноста на Букурешкиот договор, бидејќи одземенетиот суверенитет на нашата држава со тој договор е озаконет.

Во случајот на Македонија, користејќи ги и другите преседани, одземениот суверенитет на нашиот народ со Договорот од Букурешт е озаконет со Версајскиот мировен договор, а Грците тоа го злоупотребуваат со инсистирање на промена на идентитетот, со промена на името и другите атрибути. Најголемиот македонски апсурд во овој момент е тој што една вештачка нација како што е грчката која е далеку од елинската, на нашиот народ кој е самороден и кој има длабинска култура многу постара од нивната ни го спори идентитетот. Грците бидејќи се народ без идентитет, се плашат од нашиот идентитет, отнели Чашуле.

На денешното предавање свое излагање имаше и политичкиот аналитичар Љубомир Гајдов, кој истакна дека голема среќа за Македонија е што рускиот претседател Путин ја враќа Русија на Балканот.

Сметам дека не случајно Бан Ки Мун кој имаше посета само на Белград и Приштина, кога виде дека Путин го вика нашиот премиер Никола Груевски да дојде на разговор во Санкт Петерсбург, одеднаш ја смени програмата и дојде во Охрид и во Скопје, и тогаш рече дека ќе врши притисок врз грчкиот премиер за да што поскоро се реши грчко-македонскиот спор околу името што ни го оспоруваат, кажа Гајдов.

 

извор: Сител

You May Also Like