Пет македонски филма ќе бидат прикажани во Турција

Пет македонски филма ќе бидат прикажани на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на краткометражни филмови за млади – ТИСФЕСТ, кое ќе се одржи од 5-9 февруари во Истанбул, Турција.

 

Во програмата „Меѓународна селекција“, составена од 13 различни селекции кои се тематски организирани, ќе се прикажат околу 200 краткометражни, документарни и играни  филмови.

Краткометражниот филм „Епизодист“, во режија на Игор Алексов ќе биде прикажан во селекцијата “Daydreams”,  „Синот“ во режија на Марко Ѓоковиќ е селектиран во  “Generation Z”, „ Митот на Сара“ на Саша Станишиќ во “Shoot Films, Not People”, документарниот филм „Нашите во Станбол“ во режија на Елизабета Конеска  ќе се прикаже во селекцијата насловена “Journey”, додека краткометражниот „Образ“ во режија на Стефан Сидовски ќе биде прикажан во селекцијата “Staterror”.

Фестивалот освен  филмски проекции, нуди и богата програма каде посетителите и учесниците ќе имаат шанса да земат учество во Мастер предавања организирани од страна на еминентни пофесионалци од областа на филмската индустрија, каде младите филмаџии ќе имаат можност да дискутираат и да ги споделат своите мислења и искуства.

You May Also Like