Утре се вози „Off roud Осогово“

Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани  Авто мото клуб  „Офф Роад Осогово“ ја организираат петтата  по ред спортска манифестација Рели „КАЛИН КАМЕН“ 2013. Релито  ќе се одржи утре (24 мај, петок) во чест на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

 

Манифестацијата има ревијален карактер и  се одржува под мотот „Да ги запознаеме убавините на Осоговските планини“.

Должината на патеката е 64 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв  (2.085 метри надморска височина). Патеката започнува на  плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски, каде се организира заеднички ручек на сите учесници. На Царев Врв е договорена средба со рели учесниците од соседните општини.

You May Also Like