Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда,,11 Октомври“ во 2012 година – за највисоко признание за животно дело во областа на науката,уметноста,стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија:
1. За животно дело во областа на науката наградата им се доделува на:
акад. Владо Камбовски, правник од Скопје и на
проф. д-р Димитар Мирчев, политиколог од Скопје.
2. За животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:
проф. д-р Веле Смилевски, писател од Скопје и на
маестро Борис Трајанов, оперски уметник од Скопје .
3. За животно дело во областа на здравството,спортот и хуманоста наградата му се доделува на:
проф. д-р Самуел Садикарио, интернист – кардиолог од Скопје
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2012 година (четврток) во 12:00 часот, во Македонската академија на науките и уметностите.