Денеска (петок, 28 март 2014), со почеток во 20:00 часот, во Младинскиот културен центар, ќе се одржи финалето на традиционалниот натпревар на француска шансона.
Овој музички настан веќе години наназад се организира во рамките на прославата на Франкофонијата, а учество земаат најдобрите 14 средношколци-финалисти, кои беа избрани во рамките на претселекцијата, која се одржа минатата сабота, на 22 март.
Победникот на овој натпревар добива патување во Франција.
На овој натпревар имаат земено учество – и освоено награди – голем број од денешните потврдени музички имиња на поп сцената, како Каролина Гочева, Кристина Арнаудова, Васил Зафирчев, Биба Додева, а минатогодишната победничка на шансоната, Александра Јанева, беше и победничката на последното издание на фестивалот Макфест.