Изворна македонска музика во живо во „Музејот на македонската борба…“

Покрај восочните фигури, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, посетителите ќе можат да чујат во живо неколку изворни македонски песни во изведба на ученици од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, облечени во традиционални народни носии.

На репертоарот се седум изворни песни од различни подрачја на Македонија, во кои се опеани истакнати револуционери како Дедо Иљо Малешевски, Гоце Делчев, Дончо Штипјанчето, но и историски настани како што е Смилевскиот конгрес.

Перформансите ќе се изведуваат секој четврток и петок, поради тоа што тогаш музејот е најпосетен.

You May Also Like