Денеска (26 април, сабота) со почеток во 18:55 часот директно на кино платното во Cineplexx ќе биде прикажана претпоследната опера „Така прават сите“ од сезоната МЕТ 2013/14.
Враќањето на музичкиот директор Џејмс Лавин на подиумот во МЕТ е една од најзначајните работи која ја одбележи сезоната МЕТ 2013/14. Неговото повторно враќање водеше кон повторно заживување на операта од Моцарт „Така прават сите“, изведена за прв пат по 2011 година.
Ансамблот, во моцартовата комична опера која говори за романтичните компликации кои настануваат откако неколку пријатели одлучуваат да ја тестираат верноста на нивните љубовници, го сочинуваат Сузана Филипс која дебитира во улогата на Фјордилиџи; Изабел Леонард како нејзина пасионирана сестра Дорабела; Даниел де Нис во улога на нивната импулсивна собарка Деспина; Метју Поленцани како Ферандо; Родион Погосов дебитира како Гуљелмо и Маурицио Мураро кој го игра циничниот Дон Алфонсо.