Симпозиум во Корча за 100-години од раѓањето на Стерјо Спасе

Научен симпозиум во Корча по повод 100-годишнината од раѓањето на Стерјо Спасе …

Sterjo Spase

По повод 100-годишнината од раѓањето реномираниот автор со македонско потекло Стерјо Спасе, Универзитетот „Фан С.Ноли”, Корча и факултетот за природни и општествени науки, во соработка со факултетот за образование и филолошки науки, организираат научен симпозиум на тема „Животот и книжевното дело на Стерјо Спасе”.

На овој симпозиум ќе се презентираат истражувања околу книжевната дејност на Стерјо Спасе и неговиот придонес кон општествената мисла. Мариа Дојче, која е во организациониот тим на овој научен симпозиум, за весникот „Македониум“ изјави дека на овој симпозиум ќе се разговара за активноста и придонесот на Стерјо Спасе во литературата (естетиката), филозофијата и социо- културниот аспект на неговата работа.

– Друг аспект на овој научен симпозиум е и портретот на Спасе како еден симбол на соработката и подобрата интеграција на македонското малцинство во албанското општеството, изјави Мариа Дојче за весникот.

Научниот симпозиум ќе се одржи на 30. мај 2014 година, во во просториите на факултетот за природни и општествени науки во Корча.

Стерјо Спасе, (с.Глобочени, Мала Преспа 1914 – Тирана, 1989) е познат писател со македонско потекло и е еден од најзначајните претставници на современата албанска литература. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби во Мала Преспа.

You May Also Like