Трибина на Скопскиот филмски фестивал

Трибината која носи наслов „Револуцијата е мртва! Да живее револуцијата!“ како повод ќе го искористи филмот на Лукас Мудисон „Ние сме најдобри“, кој е вклучен во Главната програма и кој ќе се прикаже во сабота (26 април) во 18:00 часот во киното „Милениум“.

Plakat za tribinata_SSF

Оваа трибина е организирана во соработка со членовите на „Хип Хоп Македонија“ и нејзиното одржување е закажано за 18 часот во понеделник (28 април) во киносалата на Кинотеката на Македонија. Трибината ќе биде интерактивна и на неа се покануваат сите заинтересирани.

Воедно, во петок (25 април) со почеток во 18 часот во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Постојан одмор“ со кој се отвора програмата Ретроспектива посветена на култниот режисер Џим Џармуш.

Во киното Милениум со почеток во 16 часот започнува со прикажување „Трилогија Рај“ на Улрих Зајдл. „Рај:Љубов“, првиот од трите филма од трилогијата, е на програмата на 25 април (петок).

Сабота (26 април) со почеток во 20 часот во кино Фросина со прикажувањето на играни студетски филмови ќе биде отворена програмата на студентски филмови која е изработена во соработка со Факултетот за драмски уметности.

You May Also Like