Маџиров и Алаѓозовски гости на Меѓународниот саем на книгата во Виена

Македонската книжевност ќе биде присутна и на Меѓународниот Саем на книгата во Виена (Австрија), каде двајцата наши писатели ќе настапат во програмата посветена на земјите од регионот.

Никола Маџиров на саемот ќе ја промовира книгата песни Преместен камен која неодамна се појави на германски јазик во издание на Хансер Верлаг, а во превод на Александер Зицман.

Роберт Алаѓозовски, во улога на критичар ќе направи запознавање и пресек на најновите трендови во македонската книжевност.

На промоцијата ќе биде претставен каталогот подготвен од Издавачката куќа Готен, во која со кратки одломки, биографски податоци и рецезентски белешки, на германски јазик се претставени триесет автори од Македонија.

Каталогот ќе им биде разделен на претставници на издавачките куќи присутни на саемот, на авторски агенции, книжевни агенти и други застапници кои посредуваат во објавувањето на авторските дела на меѓународниот пазар на книги.

You May Also Like