(фото) Виенски бал во Скопје по 15-ти пат

Со познатите звуци од валцерите на легендарниот Јохан Штраус синоќа (сабота, 8 март) во хотелот Александар Палас беше отворен годинешниот Виенски бал …

017 Vienski bal

На балот кој традиционално по 15 пат годинава се одржа во Скопје, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, а под покровителство на Австриската амбасада во Македонија, меѓу бројните гости присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Виенскиот бал во Скопје е културно музичка манифестација што ја потврдува македонско-австриската соработка на полето на културата и уметноста. Врвни уметнички имиња од земјава и музиката на легендарната династија Штраус прават оригинален спој на културите на двете држави.

03 Vienski bal

На балот и оваа година настапија бројни врвни уметници, гостите се дружеа со звуците на виенскиот валцер, со естравагантноста и со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

011 Vienski bal

014 Vienski bal

016 Vienski bal

04 Vienski bal

06 Vienski bal

04 Vienski bal

07 Vienski bal

05 Vienski bal

08 Vienski bal

09 Vienski bal

 

 

You May Also Like