Монографија за виолончелистката Душка Тасевска

Неодамна од печат излезе кнгата „Музиката како судбина“ – монографија за виолончелистката Душка Tасевска. Автор на книгата е м-р Мирјана Павловска Шулајковска.

Монографијата е посветена на виолончелистката Душка Тасеска, која спаѓа во редот на нашите најистакнати репродуктивни уметници и уметник чија изведба  критиката ја карактеризира како „една особено чувствителна и емотивна“,  индивидуалност во изведениот тон и „умешноста музичката материја да се облагороди и продухови“.

Нејзиниот исклучителен придонес кон развитокот на македонската музичка репродуктивна уметност и воопшто кон развитокот на музичката уметност во Македонија може да се следи од периодот на втората половина на минатиот век па се до денес, како доајен во полето на музичката репродуктива и музичката педагогија во Македонија.

Сето тоа започнува со големата љубов кон виолончелото и на првичен поглед со детското љубопитство за тајно изучување на  инструментот во првата година во Нижото музичко училиште во Прилеп, што кај Тасеска прераснува и се претопува во голема  истрајност за изодување на макотрпниот уметнички пат.

Родена е во Прилеп во 1938 година. По завршувањето на Средното музичко училиште во Скопје, уметничкиот растеж ја води Тасеска на Музичката академија во Загреб, кај проф. Рудолф Мац, а непосредно потоа во периодот од 1966 до 1969 година и во светската престолнина на уметноста – Париз, кај познатиот виолончелист Елефтериос Папаставро во Интернационалната музичка академија „Екол Нормал“, каде што ги завршува и постдипломските студии и се стекнувасо диплома за Концертен виолончелист.

За време на престојот во Париз, по завршената аудиција и стекнатото членство во францускиот камерен оркестар кој е со голема светска кариера „Пол Куенц“, започнува испишувањето на нејзината значајна  интернационална кариера и гостувања во земји на Европа, САД и Порторико.
Овде ги пронаоѓаме и базичните никулци за определба кон солистичка кариера, „за она вистинското“, кое Тасеска го негува во текот на целиот уметнички растеж.

You May Also Like