Во рамките на интернационалниот театарски фестивал Екс Понто, кој од 14 до 21 септември се одржува во Љубљана, Словенија, ќе биде презентиран новиот драмски текст на Јордан Плевнеш “Кирил и Методиј – 11 векови подоцна”.
Како што е познато агенцијата НЕТА е иницијатор на овој меѓународен театарски проект, во режија на Мартин Кочовски, во кој што ќе учествуваат актери од десетина европски земји, а чија што праизведба е предвидена во втората половина на 2015 на фестивалот на НЕТА во Букурешт, Романија.