Денеска ( ноември, 2012 година, вторник), во Музејот на македонската борба за самостојност во 09:15 часот, Град Скопје ќе организира локален настан Конференција под мотото „Европа во мојот регион/град”.
Настанот ќе се одржи во рамки на Отворените денови–Европска недела на градови и региони 2012, чијашто годинешна приоритетна тема е „Градовите – Движечка сила за регионален развој ”.
Темите предвидени за оваа конференција се: „Европската територијална соработка во Југоисточна Европа“ и „Градовите – Движечка сила за регионален развој-Иновативност, енергетска ефикасност и урбан развој“.
Во рамките на Конференцијата, за првата тема, ќе зборуваат и пред присутните ќе се обратат: градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалник на Град Софија, Јорданка Фандакова, како и претставници од релевантни институции како што се Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Министерството за локална самоуправа и Секторот за Европски прашања при Владата на Р.Македонија. На конференцијат ќе присуствуваа и претставници од повеќе градови од регионот, како: Загреб, Ниш, Белград, Приштина и домаќинот Скопје.