Претставата „Трансферату“ во битолскиот „Интимен театар“

Израз на борбата на индивидуата против нормите и стегите во општеството е фокусот на „Трансферату“ на независниот „Интимен театар“ која денеска (2 март, недела) во 20:30 часот ќе се изведе во просториите на театарот (улица „Стив Наумов“ број 35, во близина на месната заедница „Стево Патакот“) во Битола.

transferatu_intimen_teatar

„Трансферату“ е претставата во режија на Софија Ристевска,работена по текст на бугарските автори Младен Алексиев и Станимир Панајотов. Играат актерите Маја Андоновска и Здравко Стојмиров, а станува збор за млада девојка која одлучува да направи пластична операција и да го преобрази своето лице во лице на коза.

You May Also Like