Утре (30 април, 2014) во Скопје ќе се одржи Критична маса по 24ти пат.
Критична маса е возење точак. Се создава кога група велосипедисти ќе се соберат на едно место и заедно возат по улиците на нивниот град, со цел да го направат градот подобро велосипедско место. Нема раководство, може да дојде кој сака и секој е одговорен за себе.
!Како и секогаш, Критична маса се одржува последната среда од месецот, а овојпат започнуваме во 17:30 кај Катна гаража Св.Кирил и Методиј (Јужен Булевар) и завршуваме кај МКЦ. Секоја критична маса има одредена тема, овој пат тема ни е „И да немаш точак, придружи се!“ Се работи за системот за изнајмување на велосипеди за кој би сакале да ги информираме граѓаните малку повеќе“ – велат организаторите.