Во 1963 година на иницијација на францускиот уметник Robert Filliou, започната е иницијатива за славење на денот на кој е „родена уметноста“. Симболично е одреден 18-ти јануари, па оттогаш изминативе 50 години ширум светот се организираат бројни настани кои го одбележуваат овој ден.
Следејќи ги глобалните случувања, МКЦ, единствен во нашата држава и годинава (по трет пат) на 18. јануари ќе го одбележи светскиот ден на уметноста, збогатувајќи ја прославата со уште еден јубилеј, својот роденден – Четири децении постоење на Младинскиот Културен Центар.
Настанот оваа година носи симболичен наслов „Роденденот…“, сублимирајки ги во себе обата родендени ќе понуди програма, која ко и минатите две години на овој ден буквално ќе го „окупира“ просторот на МКЦ.
Во возобновената галерија (за прв пат по четириесет години), ќе биде поставена несекојдневна изложба со дела на трите генерации македонски ликовни уметници: Коџоман I, II и III. Основоположникот на македонскиот современ ликовен израз, Вангел Коџоман, Милош Коџоман, и Вангел Коџоман.
Ќе биде одржан поетскиот перформанс (Песнило), каде ќе учествуваат повеќе млади поети.
Во Кино Милениум и Кино Фросина ќе се прикажува 24 часовен филмски маратон.Кулминација на вечерта ни носи музичката програма… на една сцена (во денсинг салата на МКЦ) ќе ги проследиме:
Протагонист од Гостивар;
Паркети од Битола;
Д Далтонс од Скопје;
Cоnquering Lion од Тетово;
Канда Коџа и Небојша од Белград.
Почетокот е од 20:00, влезот е слободен.