Збогатен книжниот фонд на Кочанската библиотека

Во присуство на поголем број читатели во Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани беа претставени најновите изданија од едицијата на Владата „Преводи на светската книжевност“.

02 zvezdi na svetskata knizevnost

– Се работи за 97 наслови со 450 примероци од едицијата преводи на светската книжевност на македонски јазик кои ги добивме од општината Кочани на трајно користење. Деновиве очекуваме да добиеме уште 50 наслови со околу 200 примероци од оваа едиција, изјави пред присутните Сузана Георгиева, директор на кочанската библиотека.

Кочанската библиотека „Искра“ на своите полици има и 1.266 наслови или 5.575 книги од едицијата илјада стручни научни книги со кои се учи на престижните универзитети во светот преведени на македонски јазик, подарок од Владата и Министерството за образование и наука. Покрај нив застапени се и 63 наслови со 169 примероци на англиски јазик.

Како што истакна Георгиева книжниот фонд на библиотеката изнесува 89.188 примероци и годинава ќе биде зголемен за нови 4.459 примероци.

You May Also Like