Мишел Обама со часови по танцување за сите мајки

Видео со разиграната сопруга на американскиот претседател кое стана хит на јутјуб. Повод е инцијативата „Да се движиме“ (Let’s Move) , посветена на борбата со дебелината кај децата. Мишел Обама им покажа на мајките неколку прости движења, на хумористичен начин во вечерното шоу на Џими Фaлон,NBC.

Самиот Фалон се појави облечен како жена и играше на сцената.

Танцот се состои од популарни движења во секојдневието. На крај Фалон ја напушта сцената, признавајќи дека неможе да ја следи во изведбата на Dougie.

You May Also Like