Со воведување на „wi-fi“ зона во Домот на култура „Ајватовци“, Општина Илинден комплетно го реализираше проектот за воспоставување на 12 „wi-fi“ зони со слободен пристап на безжичен интернет во сите населени места.
„Wi-fi“ зоните, на кои граѓаните ќе можат да користат бесплатен интернет се лоцирани во новoизградените и реконструирани домови на културата во населените места што беа опфатени со капиталниот проект “10 Домови на културата“.
Со реализацијата на овој проект жителите на Општина Илинден сега имаат квалитетен пристап до повеќе информации, како и комуникација со локалната власт, при што по електронски пат можат да се информираат за тековните активности на Општината, но и можност преку страницата „Е Општина-пријави проблем“ да ги пријават проблемите со кои се судираат во секојдневното живеење. „Wi-fi“ зоните се од голема корист и за учениците, пред се поради можноста за електронско учење, како и за месните заедници и за граѓанските здруженија.
Бесплатен интернет граѓаните ќе можат да користат во зоните за слободен пристап на безжичен интернет во домовите на култура „Илинден“, „Кадино“, „Мралино“, „Текија“, „Дељадровци“, „Бујковци“, „Мршевци“, „Бучинци“, „Бунарџик“, „Ајватовци“, Канцеларијата за односи со јавноста во н.м. Миладиновци и Образовниот спортски центар.