Графики од Хенри Мур во Скопје

Отворање на изложбата на великанот на уметноста Хенри Мур е вечерва (четврток, 18 април 2013) во 20:00 во Музејот на современата уметност Скопје.

НУ Музеј на современата уметност во соработка со Британски совет во Македонија, ќе ја отворат изложбата која е селекција на 80 графики и шест скулптури-минијатури, на британскиот уметник Хенри Мур од збирката на Британски совет.

Во 1984 година Хенри Мур му подари повеќе од 200 графики на Британски совет по повод неговото педесетгодишното постоење. Изборот на 80 графики од збирката на Британски совет е направен од Дејвид Мичинсон, поранешен раководител на збирките и изложбите на Фондацијата ‘Хенри Мур’. Тој ќе биде почесен гостин на изложбата и ќе одржи предавање за животот и делото на уметникот во петок, 19 април.

На изложбата ќе се обратат  директорката на НУ Музеј на современата уметност Елиза Шулевска, директорот на Британски совет на Западен Балкан  Тони О’Брајан; амбасадорот на Обединетото кралство во Р.Македонија Кристофер Ивон; поранешниот раководител на збирките и изложбите на Фондацијата ‘Хенри Мур’ Дејвид Мичинсон, oчекуваме изложбата да ја отвори министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Изложбата ќе биде отворена до 31 мај 2013 година.

You May Also Like