„Планета на мајмуните- револуција“ во кината од 17 јули

Продолжението на возубдливиот серијал „Планетата на мајмуните – Револуција” публиката ќе има можност да го види во кината од 17 јули.

planeta_na_majmunite_revoluija

Љубителите на „седмата уметност“ ќе можат да уживаат во интригантна приказна за потеклото на измислениот универзум на Планетата на мајмуните. Бидејќи претходниот дел од „Планета на мајмуните: Почеток“ ги урна сите рекорди на гледаност во целиот свет пред три години, беше логично дека студиото „Twentieth Century Fox“ ќе подготви возбудливо продолжение.

„Планета на мајмуните – Револуција“ ни прикажува дека децении по појавата на смртоносниот вирус, кој ја десеткуваше човечката раса, ситуацијата не е воопшто добра. Заедницата генетски модифицирани мајмуни, предводени од шимпанзото Цезар, расте и го презема водството во светот, но една група луѓе кои го преживеале катастрофалниот вирус се заканува да ги загрози. Едно време владее краткотраен мир, но двете страни најпосле ќе се најдат на работ на војна која ќе го одреди видот што ќе преовладее на планетата.

Новото остварување во серијалот „Планета на мајмуните“ беше снимено на отворено со специјална технологија и 3D камери, и претставува еден од најамбициозните филмови што се снимени на тој начин. Благодарение на првите претпремиери, критичарите низ светот го нарекуваат овој филм „инстант класика“ и му дадоа највисоки оценки.

Во битката во која се спротивставени луѓето против мајмуните, режисерот на филмот „Планета на мајмуните: Револуција“, Мет Ривс, ги собра филмските ѕвезди Гери Олдман, Џејсон Кларк, Кери Расел и Енди Серкис.

You May Also Like