На насловната на најновиот број (oктомври 2011) на престижното модно списание Вог (Vogue), се најде актерката Мишел Вилијамс, во улога на Мерлин Монро.
Вилијамс туку што заврши со снимањето на филмот “My Week with Marilyn” (Мојата недела со Мерлин ), каде што ја игра главната улога . Станува збор за британска драма во режија на Сајмон Кертис и продуцентот Дејвид Парфит Вилијамс, базиран на две книги од Колин Кларк, асистент кој работел заедно со Монро на снимањето на “The Prince and the Showgirl”. Тој открива детали не само од своите лични искуства со Мерлин, но и од доста турбулентни случувања, како оние со колегата Лоренс Оливие.
“Мојата недела со Мерлин” ќе има светска премиера на филмскиот фестивал во Њујорк во текот на месец октомври 2011 година, а на 18 ноември во Англија. Мишел беше избрана за оваа улога од режисерот на филмот , а на кастингот се појавија и Скарлет Јохансон и Ејми Адамс.
Околу подготовките за филмот, таа околу 6 месеци , читала книги, дневници, писма , поеми , гледала филмови и клипови на You Tube поврзани со животот на легендарната блондинка.
Вилијамс е родена на 9 септември 1980 година во Монтана , а своето детство го поминала во Сан Диего, со слики и постери од Мерлин Монро излепени на ѕидот од нејзината соба. Нејзината актерска кариера започнува во раните 90-ти години, а по контроверзната улога во филмот “Brokeback Mountain”, приказна за една хомосексуална врска во 60-те, нејзината кариера оди во нагорна линија.
Била номинирана два пати за Оскар, но сеуште ја нема освоено најпрестижната актерска награда.
Александра Овчарска