Тековни настани на манифестацијата „Гевгелија град на културата“

Како дел од манифестацијата „Гевгелија град на културата“ во наредните денови следуваат следните настани:

22 Септември 2011
Изложба на наградените автори на 39.светска галерија на цртежи “Остен 2011”

На 22 септември 2011 година во Гевгелија , во рамките на 39-та светска галерија на цртежи Остен- 2011, ке биде отворено Биеналето на наградените автори. На терасата на хотел “Аполонија”, гевгелиските љубители на уметноста ќе можат да ги погледнат цртежите на авторите Циуха од Словенија, Дамјановски од Србија, Шемов од Македонија, Бергер од Шведска, Хајдех од Германија, Лазески од Македонија, Павлов од Германија, Ташковски од Македонија, Вархол од Полска, Василев од Македонија, Кузмановски од Македонија, Герчен од Полска, Антонов од Бугарија, Чампини од Италија, Миљановски од Македонија и Јанкуловски од Македонија.

Изложбата ќе биде отворена во 20:20 часот.

23 Септември 2011

20:00 Пионерски дом

Концерт на класична гитара на Миле Каровски (овој концерт е во рамките на големата македонска концертна турнеја на Каровски, која започна на 25 Август во Струмица, а и меѓу другото ке ја посети и Гевгелија. Турнеата на Каровски завршува на 9 Октомври во Битола)

24 Септември 2011

22.00 Градски плостад

Пееме за независноста

You May Also Like