Меѓународниот ден на архитектурата во МСУ

Меѓународниот ден на архитектурата ќе се одбележи утре вечер (петок, 29 јуни) во Музејот на современата уметност во Скопје, со почеток во 20:30 часот со три настани.

1. „Богдан Богдановиќ – проколнатиот архитект“ во организација на Музејот на Белград и БИНА (Белградска интернационлна недела на архитектура) , Центарот за архитектура во Виена и Архитектонскиот факултет во Белград, е носечки настан во рамките на одбележувњето на оваа значајна манифестација. Проект представува  ретроспективен приказ на творештвото на овој прочуен архитект, педагог, проучувач на градот, скулптор. Една сестрана личност, иноватор и неуморен идеен конструктор и градител. Творечкиот опус на авторот е прикажан преку делата кои ја изразуваат неговата повеќеслојна уметничка дејност: скици, идејни решенија за проекти, објекти, скулптури, пишувани трудови…

2. „Портрети на архитектите“ – конципирана од страна на Архитектонската секција при УЛУПУДУС, Белград, представува кмплексна панорама на достигањата на српските архитеки членови на оваа асоцијација.

Поголем број од учесниците се школувале на Архитектонскиот факултет во Белград каде што се негувал есетишко конструктивен дух на француската школа на архитектура и на новооснованата (1948) Академијата за применети уметности со акцент на декоративно утилитарниот метод со големо влијание на Баухаус. Презентираниот историјат на оваа Секција која ја основале врвни српски архитекти, зборува за битен сегмент во развојот на српската архитектура.  И покрај тоа што примарниот интерес на почетокот беше свртен  кон внатрешната архитектура, денес, се повеќе се бришат границите меѓу проектантите на објектите и проектантите на ентериерот, проектирањето станува една целина, севкупност во која се проткајуваат надворешниот и внатрешниот простор, а со тоа се иницира послободен уметнички израз во архитектурата и во ентериерот.

3. Националната установа МСУ како релевантен простор за репрезентативни проекти, ја прифати соработката со Дирекција за култура и уметност, отпочнувајќи на тој начин традиционално дел од Скопско Лето.

You May Also Like