Сценски приказ на книгата „Осећања. О. Сећања” во чест на Маргита Стефановиќ во Спона

На 30-ти мај, со почеток во 19:00 часот, Културно-информативниот центар на Србите во Македонија – Спона организира сценски приказ на книгата „Осећања. О. Сећања” на белградската писателка и професорка Лидија Николиќ, посветена на култната личност на екс-ју рокенролот Маргита Стефановиќ Мaги од легендарната рок група Екатерина Велика.

Пријателството за цел живот е можеби најдобриот опис на оваа монодрама на која авторот Лидија Николиќ и ја посветува на Маргита Стефановиќ и на нејзиниот лик и дело. Делото во краток временски период доживело огромна регионална популарност, за кое сведочи и неговото второ издание.
Лидија Николиќ низ лична приказна и свој однос према Мaги ни ја открива суштината и потеклото на нејзиниот музичи талент, но и длабочината на амбисот од кој пробала да се спаси. Монодрамата не ја следи музичка каријера на Маги, туку го открива талентот преку нејзините белешки кои сведочат дека во нејзиниот живот имало се помалку музика, а се повеќе размислувања и мечтаења за нејзе, како и играта на зборови и букви на хартија кои ги третирала како ритам и музика.

Монодрамата „Осећања. О. Сећања” е изведена повеќе пати во Белград во Студентско културниот центар, Културниот центар „Град”, Римската сала, Белградската библиотека, Галерија 73 на Баново брдо, потоа во Центарот за култура во Обреновац, Народниот театар во Ужице, Градската галерија во Пожега. Закажани се и гостувања во Ријек, Загреб, Кикинда, Нови Сад и Ниш.

You May Also Like