БЕСТ Скопје, во коорганизација со Студентскиот парламент на ФИНКИ, го најавува Саемот за Вработување и Кариера кој ќе се одржи по јубилеен десетти, пат.
Официјалното отворање на настанот ќе се одржи на 10-ти март, во во амфитеатарот на ТМФ. На 11-ти и 12-ти ќе можат да се посетат штандовите во просториите на МФС/ФЕИТ и ФИНКИ/ТМФ, додека на 13-ти и 14-ти март на Градежен и Архитектонски факултет.
Целта на настанот е да им се овозможи на студентите и дипломците да стапат во директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалификуван кадар. На тој начин, истите ја имаат можноста да се запознаат со претпријатија од нивната стручна област, кои се воедно и потенцијални работодавци.
Заинтересираните можат да го остават своето CV на www.jobfair.org.mk, и да ги посетат компаниите учеснички за време на саемот, да учествуваат на презентации, предавања, и обуки на различни теми.