Сезоната на Мет преносите во живо во Синеплекс продолжува.
Оваа сабота, на 18 октомври директно од сцената на Мет ќе биде изведена и втората опера од оваа сезона „Свадбата на Фигаро“, новата продукција на Моцартовото елегантно ремек-дело за брачните несогласувања.
Џејмс Левин диригира со новата изведба на режисерот Ричард Ејр, во чии успеси се вбројува и хит продукцијата од 2009 година „Кармен“ и „Вертер“ од минатогодишната сезона. Изведбата на операта на Ејр,говори за романтичните врски на две двојки кои ќе бидат тестирани за време на еден динамичен ден. Сценската поставка се одвива во племенит замок во 1920та година во Севиља. Рускиот бас-баритон Илдар Абдразаков, минатогодишната ѕвезда на операта „Принц Игор“ и докажан Фигаро во Мет во минатото, ја пее насловната улога во оваа премиера. Во останатите улоги ќе ги видиме германското сопрано Марлис Питерсон како фигаровата остроумна невеста, Сузана; шведскиот баритон Питер Матеј се појавува во улогата на грофот Алмавива; сопраното Аманда Мајески во нејзиното деби на Мет како жената на Алмавива, грофицата страдалница; и мецо-сопраното Изабел Леонард како темпераментната благородничка Керубин.