Скопската премиера на филмот „До балчак“ ќе има и дополнителна програма.
Во сабота, во 20.00 часот, во фоајето на кино Милениум ќе бидат поставени две изложби концептуално поврзани со филмот.
Едната изложба, организирана од Филмскиот Центар Вардар Филм Македонија, во соработка со костимографот Емилија Ивановска Атанасовска, ќе овозможи публиката да ги погледне костимите на главните актери од филмот.
Додека пак другата е изложба на фотографии инспирирани од ликот и приказната на Тереза, еден од главните ликови во филмот „До Балчак”.
Насловот на изложбата е „Souvenirs d’un voyage”, а фотографиите се дело на Ѓорѓи Клинчаров.