„100 Уметници со 100 слики“ во Даут Пашин амам

Националната галерија на Македонија ќе се вклучи во чествувањето на 100 – годишнината од самостојноста на Албанија и на албанското знаме, како домаќин на културната манифестација – изложбата „100 Уметници со 100 слики“, организирана од страна на Амбасадата на Република Албанија во Македонија, во соработка со ИКОН и Националната галерија на Македонија.

Даут пашин амам
Даут пашин амам

Изложбата ќе се отвори во објектот Даут-пашин амам, вечерва (вторник, 20 март 2012 година), со почеток во 19.:30 часот, а ќе ја отворат директорката на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Халиде Палоши, и Н. Е. г-динот Арбен Чејку, Амбасадор на Република Албанија во Македонија.

You May Also Like