Прилепската „Змејовата невеста“ на МОТ

Денеска, (понеделник, 24 септември, 2012 година) во 20:00 часот, во Драмскиот театар, гостува Прилепскиот народен театар со претставата „Змејовата невеста“ во режија на Нела Витошевиќ. Гостувањето е во рамките на 37-от МОТ.

Музиката за претставата „Змејовата невеста“ е на Огнен Анастасовски, сценографијата на Константин Трпеновски, костимографијатана Розе Трајчевска.

Станува збор за мошне колоритна претстава, со прецизна нарација преку која се раскажува приказната за љубовта на Јана и Змејот.

Со „Змејовата невеста“, театарот „Војдан Чернодрински“ гостуваше и на годинашното Скопско лето.

You May Also Like