Марко Милановиќ ја освои публиката со кавер изведбата на „За нас“

Понекогаш е доволно одредена нумера да се појави на youtube, и одма ќе ви стане јасно „колку е часот“. За само неколку дена оваа акустична кавер верзија на хитот на БрејкЗа нас“, во изведба на Марко Милановиќ и Александар Кипровски, ги освои срцата на македонската публика во интернет просторот. Бројката од околу 40000 посети, расте секој час.

Овој млад артист (Милановиќ), кој ни доаѓа од Крушевац (Србија) изминатите неколку години живее и работи во Скопје. Пред нешто повеќе од година и пол на македонската сцена се појави со нумерата со хип хоп артистот Daz Flow насловена како „Само једном“.

Деновиве покрај „За нас“ беше објавена уште еден кавер за песната „Ракија“ од групата Свеже ампутирана рука Сатријанија (С.А.Р.С.) во изведба на Марко. Песните се снимени во студиото на Токсикологија, додека „виновникот“ за одличната продукција е Скитара. Видеото го „спакува“ Гордан Божиновски.

cOoLTuRa.mk им посакува да дечките многу успех во иднина, времето работи на нивна страна. Тука сме да ги поддржиме во целост, има и зошто …погледнете!

„За нас“ е авторско дело на Пере и Франц од Нокаут

You May Also Like