Изложба и монографија за Цицо Поповиќ пред белградската публика

Утре вечер (понеделник, 3 декември) изложба и промоција на монографијата за животот и творештвото на Василије Поповиќ Цицо, во галерија „Графички колектив“ во Белград (Србија) како одбележување на 50 години од смртта на основоположникот на македонската карикатура.

Во монографијата се застапени и анализи кои обработуваат одделни сегменти од творештвото на Василие Поповиќ, чии автори се д-р Владимир Величковски и д-р Јелена Лужина, професори на УКИМ во Скопје, м-р Љубица Дабиќ, советник во белградскиот Воен музеј и Љиљана Ќинкул, управител на галеријата „Графички колектив“ во Белград.

Монографијата ќе има и македонска промоција, а ќе биде отворена изложба и во Скопје во почетокот на 2014 година, кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на големиот карикатурист.

Василије Цицо Поповиќ е роден во Скадар (12 февруари 1914). Најголемиот дел од својот творечки опус го реализирал во Скопје, каде што живеел се до својата смрт (10 декември 1962), оставајќи зад себе огромно наследство од слики, карикатури и сценографии. Цицо е дизајнер и на грбот на НР Македонија, кој и денес е официјален државен симбол, само без петокраката ѕвезда.

You May Also Like