Концерт на Пламенка Трајковска во Ресен

Виолинистката  Пламенка Трајковска заедно со своите колешки Љубица Симјановска – виола и Александра Петковска – виолончело, во сабота (4 август) ќе настапат на Градскиот плоштад во Ресен. Концертот е со почеток во 22:00 часот.

Концертот е дел од промоцијата на новиот албум на Пламенка Трајковска со наслов Апасионато а за кој Пламенка сними и видео запис за композицијата „Пијанист“.

Концертните промоции на албумот Аpасионато досега се реализираа на Битфест , на манифестацијата Три круши и во Домот на културата во Штип .

Концертот во Ресен е во организација на Домот на култура Драги Тозија од Ресен и е поддржан од Министерството за култура и од одделни локални стопански субјекти.

Пламенка Трајковска и понатаму продолжува со своите летни концерти наменети за  популаризирање на класичната музика кај најшироката публика во градовите низ републиката.

яндекс

You May Also Like