Концерт на Дарко Рундек и Карго Трио вечерва во Скопје

Некогашниот лидер на култната загрепска група „Хаустор“, кои беа едни од предводниците на ексјугословенскиот „нов бран“ од почетокот на 80-ите, легендарниот хрватски артист Дарко Рундек, со своето „Карго трио“ на 9-ти и 10-ти мај ќе одржи концерти во Скопје и Прилеп.

darko_rundek_kargo_trio_skopje

 

Концертот во Скопје ќе се одржи во Универзална сала, со почеток во 20:30.

Последно нешто од Рундек и неговата група беше песната „Миднајт калипсо“, која се појави во месец октомври минатата година.

Но според најавата на организаторот, Рундек и дружината од „Карго трио“ на концертите ќе изведуваат песни од последниот албум „Плави авион“.

You May Also Like