Ретроспектива на филмското творештво на Мачевски во Виетнам

Кинотеката во Ханој (Виетнам) со ретроспектива на филмското творештво на режисерот и сценарист Милчо Манчевски. Неговиот филмски опус ќе се прикажува на 9-ти, 10-ти и 11-ти декември.  Притоа, на покана од Кинотеката, Манчевски ќе оствари средби и разговор со виетнамските љубители на седмата уметност.

Веднаш потоа, како гостин на Државната филмска академија на Виетнам, Манчевски ќе одржи предавање и проекција за студентите на Виетнамската академија. Ова е прв пат македонски филмови да се прикажуват во Виетнам.

Филмовите на Манчевски и се познати на азиската публика, тие се прикажувале на низа фестивали (Токио, Тајпеј, Хонг Конг, Шангај, Гоа, Керала… ), но и во редовна, па дури и во пиратска дистрибуција низ повеќе земји од Азија. Се користат и во наставата на повеќе азиски универзитети, а неодамна сe појави рецензија на неговиот последен филм „Мајки“ во иранскиот печат, иако филмот допрва треба да биде дистрибуиран во Иран.

Овие почести и активности следуваат веднаш по отварањето на изложбата „Пет капки сон“ во галеријата на Хрватската академија на науки и уметности и после проекциите, предавањата и поставувањето на претстојната продукција со студентите на најстарата и најголема филмска школа (филмски универзитет) на светот, ВГИК во Москва.

You May Also Like