„Богатството на Шуто Оризари“ во Универзална

Утре (среда, 27 март, 2013) од 17:00 до 19:00 во Универзална Сала (мала сала) ќе се одржи настанот „Богатството на Шуто Оризари“.

Настанот „Богатството на Шуто Оризари“ се состои од:

– настап на дечињата од Дневниот центар за згрижување на деца од улица во Шуто Оризари и Центарот за социјални иницијативи НАДЕЖ

– настап на младиот бенд STRING RIDERS

– изложба на слики и ракотворби изработени од децата за време на работилниците со ЕВС волонтерите.

Овој настан е идеја од страна на волонтерите во Волонтерски Центар Скопје, кои се заинтересирани да и помогнат на Ромската заедница, особено најранливите – децата.

Настанот е наменет со цел да се зголеми видливоста на ромската заедница на позитивен начин, и да се зголеми прифатеноста на оваа заедница меѓу популацијата.

Втората цел на овој настан е да се прикаже важната улога на Дневниот центар за згрижување на деца од улица во Шуто Оризари и Центарот за социјални иницијативи НАДЕЖ во животот на децата и нивниот личен развој преку посетување на овие центри.

Третата цел е да се прикаже работата на ЕВС волонтерите со децата од Шуто Оризари во текот на последните 8 месеци, и нивното влијание.

You May Also Like