Канческа- Милевска се сретна со претседателот на Фондацијата на туркофонијата

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга оствари работна средба со претседателот на Фондацијата на туркофонијата од Анкара, Република Турција, Јахја Акенгин, поет и учесник на 53-то издание на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

011  sredba turska delegacija

На средбата на која присуствуваше и претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски, како и раководството на националната установа „Струшки вечери на поезијата“ стана збор за досегашните односи во областа на културата меѓу Република Македонија и Република Турција, кои како што нагласи министерката за култура, се одликуваат со реализација на бројни проекти од сите дејности.

На средбата, стана збор и за иницијативата за создавање на Музеј на светската поезија во Струга, во кој преку современа музејска поставка ќе биде презентирана петдецениската историја на светски реномираната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Министерката за култура, која ја поздрави иницијативата, истакна дека овој музеј ќе биде уште една потврда дека оваа поетска манифестација е бренд од пошироко значење, но и потврда за добите односи кои ги негуваме со Република Турција.

Канческа-Милевска потсети дека во изминатиот период во соработка со Турската интернационална агенција за соработка и развој – ТИКА се реализирани многу важни проекти од областа на културата, како што се обновата на роднинската куќа на Кемал Ататурк во Коџаџик, обновата на спомен собата на таткото на современа Турција во битолскиот завод и музеј и многу други проекти.

012  sredba turska delegacija

You May Also Like