Изложба на мозаици од Газанфер Бајрам во „Матица ексклузив“

Денеска (понеделник, 10 декември, 2012) во „Матица ексклузив“, во 12:00 часот ќе биде отворена изложба на мозаици на уметникот Газанфер Бајрам.

„Матица македонска“ подготви каталог за творештвото на познатиот автор, со текст на професор Иван Џепаровски, објавен на македонски, англиски и на турски јазик.

Изложбата ќе ја отвори академик Владо Камбовски, претседателот на МАНУ, а  во „Матица ексклузив“ ќе биде отворена до 10 јануари 2013 година.

You May Also Like