„Макфест“ под покровителство на Министерството за култура

Фестивалот “Макфест” во Штип од оваа година ќе биде под покровителство на Министерството за култура …

makfest

Општина Штип ќе изврши ребаланс на буџетот, поради дополнителните 12 милиони денари, кои Министерството за култура треба да ги инвестира во Фестивалот за забавна музика „Макфест“, а кој токму од оваа година е под покровителство на Министерството.

Трајче Цветков раководител на Одделението за финансии во Општина Штип на денешната седница на Комисијата за финансии и буџет на Советот на Општината образложи дека измената е едноставна поради начинот на финансирањето на „Макфест“.

– Министерството за култура средствата ќе ги префрла на нашата сметка на буџетот, а потоа реализацијата и плаќањето ќе биде преку нашиот буџет. Затоа со оваа измена го зголемува вкупниот буџет за 12 милиони денари, вели Цветков.

 

You May Also Like