По повод смртта на македонскиот поет и писател Србо Ивановски, најстар член на Македонскиот ПЕН центар, Управата на оваа асоцијација одржа комеморативен состанок …
На состанокот, како што информираат од страна на Македонскиот ПЕН центар, уште еднаш силно беа подвлечени високите книжевни вредности на Србо Ивановски и неговата човечност.
Србо Ивановски е еден од носечките столбови на современата македонска литература. Тој станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1949 година, само две години по неговото формирање. Бил и претседател на македонската писателска асоцијација. Добитник е на повеќе највисоки книжевни и општествени признанија во земјава и во странство.
Најголемиот дел од работниот век Ивановски го поминал во Радио-телевизија Скопје. Таму извршувал многу одговорни должности, како заменик-директор на Радио-телевизија Скопје.