По повод Денот на независноста на Македонија, вчера (8 септември, 2012 година) во Драгаш се одржа четвртиот Македонски турнир во мал фудбал на ученици до 16 години од сите нaселени места во областа Гора, на Косово.
Оваа манифестација е од национален интерес за афирмација на Македонците со исламска религија и заштита на духовното и културното наследство, односно за културна афирмација на Македонската заедница на Косово.
Организатори на турнирот се Македонската горанска заедница на Косово, во соработка со Сојузот на Македонците со исламска религија.