Анимираниот „Epic“ во Синеплекс

Од утре (сабота, 18 мај) во киното Синеплекс пристигнува и анимираната „Чувари на тајното кралство  3D“  (Epic) – приказна  за двајца јунаци кои ќе се борат да ја заштитат природата.

Во борба која одвива околу нас, спротивставени се силите на доброто кои ја штитат природата и оние на злото кои сакаат да ја уништат. Една тинејџерка изненадно пристигнува во тајниот универзум кој што е населен од забавни и единствени јунаци. Таа мора да ги здружи силите со нив за да го зачуваат нашиот и нивниот свет.

Филмот „Чувари на тајното кралство“ е од креаторите на „Ледена доба“ и „Рио“.

 

Распоредот на филмските прокеции во Синеплекс може да го најдете тука:

You May Also Like