Последното остварување од работилницата на „Dreamworks Animation” во режија на Крис Сандрес, „Крудс”, премиерно ќе биде прикажано на 21-ви март во киното Cineplexx.
„Крудс” е сага за семејството пештерски луѓе, сместена во фиктивна праисториска ера. Кога поместувањето на континентот ќе предизвика промена на светот што тие го познаваат, ова необично семејство заминува на патување и освојување на прекрасни, но понекогаш и застрашувачки нови предели.
„Крудс” се необични припадници на видот хомосапиенс. „Тие се физички добро подготвени, но ментално имаме работа со прилично почетнички умови“ (како да го дресирате вашиот змеј), се шегува Крис Сандрес кој го режираше овој филм во соработка со Кирк Демик (Вонземјански шимпанза).
Оригинален наслов: The Croods
Жанр: анимација, авантура, комедија
Година на производство: 2013 г.
Земја на потекло:САД
Јазик: англиски со македонски превод
Сценарио:Крис Сандерс, Кирк де Мико (книга)
Режија:Кирк де Мико, Крис Сандерс