Денеска (сабота, 22 февруари), во кафе-книжарница „Магор”, со почеток во 18:00 часот, коалицијата „Боите на животот” ќе одржи едночасовна детска работилница со цел да ја оживее и продолжи традицијата за изработка на МАРТИНКИ.
Мартинките се подаруваат на 1-ви март и се носат околу рака или закачени на облека. Се изработуваат од конец со црвена и бела боја, црвената ја симболизира бојата на крвта, а белата на чистотата. Се носат до доѓањето на пролетта и ластовичките, се додека расцвета првото дрво. Потоа се закачуваат на дрво со желба за добро здравје и среќа. Оваа древна традиција во нашите краишта била присутна уште од дамнешни времиња, но со текот на времето се растопила и полека исчезнала во минатото.
Во информацијата за настанот с евели: „Целта на оваа креативна работилница е да ги оживееме старите традиции и да го негуваме чувството на припадност кон оваа земја. Со самата изработка на мартинките всушност сакаме од најмали нозе да ги поттикнеме човековите вредности кај децата, креативноста, заедничкото создавање, радоста и хуманоста. Изработените мартинки ќе бидат подарени на оние кои што најмногу им требаат – на децата од социјално загрозените семејства.
Добредојдени се сите деца кои сакаат да се дружат, забавуваат и да ја изразат својата креативност“.
за повеќе информации: sonja_mala@yahoo.com