Предавањето на д-р Емилио Гајардо-Саборидо „Култура на Револуцијата: Кубанското културно поле во шеесетите и седумдесетите години“, од Универзитетот Севиља, ќе се одржи на 15 април, 2014, со почеток во 10:30 часот, во предавална 305 на Факултетот за странски јазици на Фон Универзитетoт.
Ова предавање ги резимира и анализира главните означувања на кубанскиот културен простор во времето на шеесетите и седумдесетите години во минатиот век. Предавањето е фокусирано на односот помеѓу литерарните креации и политики за време на периодот на Кубанската револуција. Оттука, предавањето се обидува да одговори на неколку прашања:
“Кои беа главните динамики во кубанската културна сфера за време на овие две декади?“,“Како идеологијата делувала како конфигурација на културната сфера?“, “Кои биле главните појави во новиот литерарен канон?“ Предавањето ќе даде преглед и резиме на овие прашања, преку извадоци од новели и кратки раскази, поеми, драмски текстови и филмови.
Д-р Емилио Гајардо – Саборидо предава на Одделот за Јазици, литература и интегрирани филологии, на Универзитет во Севиља, Шпанија. Завршил докторски студии на Школата за хиспано-американски студии во Шпанскиот национален истражувачки центар, и постдокторски студии на Универзитетот во Бирмингем и Универзитетот во Нотингем, во Велика Британија. Неговите истражувачки интереси се фокусирани на литература и социологија на култура на Кубанската револуција. Во 2009, тој ја објави книгата “The Hammer and the Mirror: Trends of Cuban cultural politics (1959-1976) “/ “Чекан и огледало: Трендовите во Кубанската културна политика (1959-1976) “. Потоа го истражувал современиот културен идентитет на Андалузија. Во контекст на истражувањето бил дел од истражувачкиот проект “Андалузија и Латинска Америка: размени и културни трансфери“ (Junta de Andalucía), и ја издал книгата “You had to be Gypsy: the Andalusias imagined by the Latin American joint productions “/ “Ти мора да си Циган:Андалузијците претставени во латиноамериканските филмски ко-продукции“. Тој е член на Европскиот истражувачки проект “In Search of Transcultural Memory of Europe“ на (COST/ISTME), каде што ги истражува и анализира односите помеѓу музиката на фламенкото, театарот, миграциите и андалузијскиот идентитет. Неговите текстови се објавени во повеќе научни списанија Latin American Theatre Review / Ревија на латино-американскиот театар, Hispanic Research Journal / Ревија за хиспанистички истражувања, Confluencia or Anuario de Estudios Americanos / Зборник на американски студии, и други.
Предавањето го организираат Универзитетот Евро-Балкан, Факултетот за странски јазици на ФОН Универзитетот и Конзултатот на Кралството Шпанија во Р. Македонија.