Македонскиот магионичар Гого Реквием на Stars of Magic во Софија

Најпознатиот македонски магионичар Гого Реквием после учеството во Блекпул (Англија) во февруари каде што беше единствен македонски претставник, и настапите во Сараево и Горажде (Босна) во март, завчера (четврток, 4 април 2013 година) беше специјален гостин на магионичарскиот спектакл во Софија (Бугарија) – Stars of magic, во организација на бугарски илузионист Boby Show.

Спектаклот се одвиваше во најпознатиот театар во Софија НДК, сала 3 која беше преполнета до последно место. Гого Реквием се претстави со менталистички настап проследен со мистичен амбиент, изгаснати светла во салата и хорор музика. Целата 1500-тна публика во салата беше воодушевена и со огромни овации го поздрави настапот на Гого.

На 11.05.2013 година Гого ке настапи како специјален гостин во Осијек (Хрватска) на фестивал на магијата MagicOs, а потоа заминува за Црна Гора. Во ноември ке ја претставува Македонија заедно со Иван Секованиќ во Марибор (Словенија) на фестивал на магија Magibor, организиран од Владимир Микек.

Во Софиjа настапија еден куп познати бугарски магионичари Boby Show, Desislava Scheherazade, Dani Magic, Veso Show и многу други, а специјален гостин беше Rade Pilipovic-Grifoni од Србија.

You May Also Like