Концерт на оркестарот на АРМ по повод Илинден

На платото пред спомен-куќата на Мајка Тереза, во Скопје, вечер Оркестарот на Армијата на Република Македонија ќе одржи концерт, по повод 2 Август – Илинден и 70 годишнината од АСНОМ …

spomen_kuka_majka_tereza

На концертот кој ќе биде под диригентска палка на потполковник Драган Димитров, ќе бидат изведени композиции од домашни и странски автори, пригодни за вечерната свеченост.

Покрај настапот на оркестарот, баталјонот за почести ќе се претстави пред присутните со точката „ЕГЗИРЦИР“.

Со оваа активност, Армијата на Република Македонија учествува во чествувањето на празникот 2 Август – Илинден и чествувањето на 70 годишнинатата од АСНОМ, кое е во организација на Владата на Република Македонија.

You May Also Like