Археолозите од Виница на конференција во Србија

Претставници на Музејот „Теракота“ од Виница, деновиве  учествуваат на Меѓународната конференција во археолошкиот парк Виминациум во Република Србија.

 

Темата на конференцијата е „Археолошкото наследство-неговата улога во презентацијата, едукацијата и популаризацијата на науката“, а археолозите од Музејот „Теракота“ од Виница ќе настапат со научниот труд под наслов „Утилизација и популаризација на археолошките локалитети“ низ примерот на археолошкиот локалитет Виничко кале кај Виница.

You May Also Like