Новогодишен хуманитарен хепенинг

В среда (26 декември, 2012) со почеток во 12:00 на Сквер Јадран (во центарот на градот) ќе започне голем Новогодишен хуманитарен хепенинг во организација на Општина Центар.

Овој хепенинг е наменет за  повеќе ранливи категории на деца, на кои Општина Центар ќе им додели новогодишни пакетчиња.

Во рамки на овој хепенинг ќе бидат поделени околу 450 новогодишни пакетчиња наменети за следните категории на деца:
–    Деца од специјализирано училиште „Златан Сремец“
–    Деца на родители од Здружение за слепи лица
–    Дневен центар за деца со церебрална парализа
–    Деца Роми жители на Општина Центар
–    Деца со Даунов синдром
–    Деца со пречки во развојот
–    Деца со аутизам
–    СОС Детско село

Доделувањето на новогодишните пакетчиња ќе биде проследено со пригодна новогодишна музичко-сценска програма прилагодена кон целните групи (со деца од фестивалот „Златно славејче“) и Дедо Мраз во кочија (каде ќе се даваат пакетчињата).
Целиот простор и бината ќе бидат украсени во духот на новогодишните празници.
При самото делење на пакетчињата децата ќе имаат можност да добијат групна фотографија (за секоја ранлива категорија посебно) со Дедо Мраз во кочијата и Градоначалникот, при што сликите ќе бидат бесплатни за дечињата.

Новогодишни претстави за најамладите

Овие новогодишни претстави се наменети за децата од детските градинки и учениците од прво до трето одделение од основните училишта во Општина Центар.

Претставите ќе се реализираат во перидот од 24.12.2012 до 28.12.2012, и тоа за дечињата во објектите на самите градинки, а учениците претставите ќе ги проследат во Македонскиот Народен Театар.

 
Посета на домот за стари лица „Мајка Тереза“

Во пресрет на новогодишните и божиќни празници Градоначалникот Владимир Тодоровиќ ќе ги посети старите лица сместени во Домот „Мајка Тереза“ во Злокуќани. Покрај дружењето со овие лица Градоначалникот ќе им подари и новогодишни подароци (свежо овошје и топли волнени чорапи).

You May Also Like